Macedonia gets ready for Vevcani Carnival

The traditional Vevcani Carnival, which claims a 14 century long legacy, is held every year from 13 to 14 January in the southwestern Macedonian village of Vevcani.

Recognized by the Federation of European Carnival Cities (FECC), the carnival attracts tens of thousands of both domestic and international visitors to see the people of Vevcani disguised in elaborate masks expressing humor and sarcasm. Some of the most common costumes include politicians, devils and other mythical characters.

For over 1,400 years the Vevcani Carnival has been an interesting mix of paganism and modernism. The home setting of the carnival events is the village of Vevcani, which turns into a boundless theater, where each house and street is a scene on which disguised people perform plays like real actors.

A novelty of this year's festival edition is the New Year's bazaar for craftsmen and souvenir producers.

"One should attend the carnival and feel the Vevcani spirit and humour, where no one is forgiven, be it famous or common person", Liljana Popovska, chairperson of the Vevcani Carnival Board, told a press conference.

Official figures show that around 60,000 visitors attended the carnival in the past three years, each of them spending at the very minimum 10 euros. The event made a 600.000 euro boost to the country's economy.

This year's Vevcani Carnival is organized by Tetragon, association for alternative tourism "Balkanika" and association "Denica", along with the support from T-Home, and the ministries of culture and economy.




Велија Рамковски со полициски џип, владика.....Вевчани 2011-та!
Струга, 13. јанаури 2011 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: Супер радио


Тие се „держава“ во држава. Тие имаат своја валута - личникот, свои пасоши и свој специфичен начин на живот. Тие ја имаат најтоплата насмевка и наијскреното добредојде. Велат имаме и вино и ракија ама само до Василица - потоа купуваме. Ако некој ви кажувал нешто за нив...верувајте им ВИСТИНА Е.

Добредојдовте во ВЕВЧАНИ...

- За овој ден `ер ке да биле биле, за Св. Василиј дома да се најдите.

Вака постарите во Вевчани ги канат своите најблиски раштркани насекаде низ светот за Василица да се вратат дома.

И оваа година гордите вевчанци ни понудија „огледало“ да се видиме какви сме сите во нашата суштина. Горди, весели и без влакно на јазикот, тие преку маските ја насликаа реалноста во која живееме.

Велија Рамковски со полициски џип, владика, традиционалниот зет и невестата, глупавиот Август и ѓаволот. И оваа година досетливите Вевчанци ги одбележаа најзначајните настани од годината која е веќе зад нас.

Според претседателката на организациониот одбор Лилјана Поповска од година во година се зголемува бројот на учесниците и посетителите на карневалот во Вевчани:

- Доколку карневалот продолжи да се развива со ваква динамика, тој секако ќе прерасне во вистинска туристичка атракција, додава Поповска.

Од овогодинешното издание на фестивалот се задоволни и организаторите кои велат дека концертите и уметничкиот дел од програмата привлекле големо внимание кај повеќе од 10.000 посетители.

Највесели секако учесниците. Велат дека е чест да се учествува на еден ваков фестивал:

- Секоја година мора да има зет и невеста. Машкото се маскира како невеста. Се шета по сите куќи и се дарува невестата.

- Маската ја подготвував повеќе од една недела.

- Ние сме маскирани во матуранти и нашата маска е најдобра оваа година.

Посетители пак имаше од сите страни на светот:

- Прекрасно е. За прв пат сме овде. Дојдовме посебно за карневалот.

- Доаѓаме од САД. Ова што се случува овде е многу убаво. Ова е одлична можност за привлекување на туристи и промоција на Вевчани.

Карневалот има интернационален дух бидејќи учестуваат се повеќе гости од странство. Досега, како што кажа, имало учесници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Турција. (Крај)