4,2 Prozent mehr Touristen in Mazedonien

Im Februar konnte der Tourismus in Mazedonien um 4,2%, gegenüber dem Vorjahr, zulegen. Ebenso stieg die Zahl der Übernachtungen um 3,9%.

Зголемен бројот на туристи

Бројот на туристи во февруари е зголемен за 4,2 проценти, а бројот на ноќевањата за 3,9 проценти во споредба со истиот месец лани.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во февруари бројот на туристи изнесувал 27.155, а бројот на ноќевањата 63.351.

Зголемување од 14,8 проценти има кај бројот на странски туристи, а намалување од 6,7 отсто е забележано кај домашните туристи. Кај ноќевањата на странските туристи има зголемување од 19,5 проценти, а намалување од 8,3 отсто кај ноќевањата на домашните туристи.Во периодот јануари-февруари во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 6,4 проценти, а ноќевањата се зголемени за 0,9 проценти.