Dojran erwartete zum 1. Mai über 20.000 Touristen

Seit 2009 nimmt die Zahl der Touristen in Dojran ständig zu, dass leider viel zu oft im Schatten der beliebteren makedonischen Reisezielen/Seen Ohrid und Prespa steht. Jedoch hat es Dojran geschafft seinen alten Flair rund um die Unikaten Fischerhäuschen und seine Fischfang Tradition wieder zu erwecken.




20 000 гости во Дојран за Први мај

Првомајска еуфорија во Дојран. Езеро, сонце и мирис на скара, симпатична мешавина за љубителите на полјанките, но и кафето под ладни сенки. Убавиот викенд и поводот се совпаднаа и годинава за дојранчани. Пречекаа речиси дваесет илјади гости. 

Полни се хотелите, вилите, но и куќарките во кои одамна не стапнала човечка нога. Градоначалникот Глигор Чабулев вели дека сместувањето во Дојран станува вистински проблем. 

А гостите го уживаат мирот во Дојран. Ни гужвата, ниту гласните тинејџери, не му го одземаат спокојството на местото. Просто воздухот е таков. 

Продолжениот викенд го освежи подзаспаното туристичко гратче. Сезоната во Дојран допрва почнува. Жителите ги очекуваат туристите, да го раздвижат езерото со надојдената вода.